Хроника 15. септември 2018. / 17:06

Скопјанец си ја претепал мајката

Скопјанец си ја претепал мајката

Во Секторот за внатрешни работи Скопје Љ.К. (47) пријавила дека вчера околу 14 часот во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи на улица „Никола Вапцаров“, каде што била повикана, по кратко време физички била нападната од нејзиниот 17-годишен син Ф.К. кој ја удирал и ја кубел за косата, по што го напуштил местото на настанот.

Набргу тој е пронајден и приведен во полициска станица, известен е Јавен обвинител.

Против Ф.К. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.