Хроника 03. април 2018. / 15:41

Скопјанец само што излегол од банка и му украле 40 000 евра

Скопјанец само што излегол од банка и му украле 40 000 евра

Според информациите на МВР двајца разбојници на улица ограбиле скопјанец кому му зеле 40.000 евра.
Разбојништвото се случило околу 11.15 часот на паркинг на булеварот Јане Сандански во населбата Аеродром.

Тогаш од една од експозитурите на банките излегол Д.К. (38) кој подигнал 2,4 милиони денари од банката.

Кога излегол на паркингот зад банката му пришле двајцата разбојници со моторцикл. Тие му се заканиле со пиштол, по што му ги зеле парите и избегале.