Хроника 26. април 2019. / 18:29

Скопјанец претепан до смрт во ТЦ„Чаирчанка“

Скопјанец претепан до смрт во ТЦ„Чаирчанка“

Едно лице било претепано со смрт по расправија во ТЦ„Чаирчанка“, неофицијално дознава 24 Инфо.

Инцидентот се случил попладнево, а во расправијата учествувале неколку лица вооружени со пиштоли, но пукање немало, велат очевидци.

Неофицијално, жртвата починала на пат кон болница со возилот на Итната помош.

Во тек е увид на местото на инцидентот.

Од МВР засега нема никави информации.