Хроника 15. септември 2020. / 13:35

Скопјанец почина откако со автомобилот излета од патот на излезот од Гевгелија

Скопјанец почина откако со автомобилот излета од патот на излезот од Гевгелија

Утрово,околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби педесет годишниот З.Д. од Скопје кој управувал патничко моторно возило „мини Морис“ со бугарски регистарски ознаки.

До несреќата дошло откако возилото излетало од патот, поточно од мостот на излезот од булеварот и удрило во лимени гаражи покрај околните згради.

Увид на лице место извршија екипа на ОВР Гевгелија и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.