Хроника

Скопјанец од возило во движење со нож прободел велосипедист

Скопјанец од возило во движење со нож прободел велосипедист

Во вечерните часови на вчерашниот ден во Полициска станица, 32-годишен скопјанец пријавил дека истиот ден на булеварот „8-ми Септември“ со нож бил прободен во грб од страна на лицето А.С. од Скопје.

Нападот се случил во момент кога 32-годишникот заедно со негов другар возеле велосипеди.

Тогаш, до нив се доближило патничко возило,со непознати регистарски ознаки, во кое бил А.С. и уште четири непознати лица. Додека возилото било во движење, А.С. го отворил прозорецот и со нож го прободел А.Ш. во грбот, а го погодил и неговиот другар.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.