Вчера во вечерните часови било пријавено дека на улица 376 во куќа сопственост на Н.Ш. во Скопје било извршено разбојништво во обид од страна на нејзин сосед, соопшти МВР.
Додека Н.Ш. и сопругот биле на семејна веселба, нивните три малолетни деца биле сами дома. Во еден момент соседот влегол насилно во куќата и со нож им се заканувал да му дадат пари. Потоа извршил пребарување по куќата и откако не пронашол ништо заминал во непознат правец.