Хроника 13. август 2018. / 15:27

Скопјанец ја избркал мајка му од станот па го запалил поткровјето

Скопјанец ја избркал мајка му од станот па го запалил поткровјето

Пријава за подметнат пожар во поткровје од зграда на ул.„Веселин Маслеша“ во Скопје добила вчера попладне полицијата.

-Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека пожарот бил подметнат од О.Б. (57), кој претходно бил пријавен со поплака од неговата мајка Ј.Б. (78) затоа што ја бркал од станот, информираат од полицијата.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

О.Б. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.