Хроника 08. февруари 2020. / 13:09

Скопјанец изгорел од струен удар додека бил качен на цистерна

Скопјанец изгорел од струен удар додека бил качен на цистерна

Човек од Скопје утрово изгорел од струен удар на цистерна со нафта во скопската населба Илинден.

Според првичните информации на Досие, било пријавено дека маж гори качен на цистерна за нафта. Со брза интервенција на пожарната служба е спречена уште поголема трагедија. Пожарникарите успеале да го изгаснат огнот и да спречат да ја зафати цистерната која е полна со гориво, но и да спречат огнот да ја зафати и околината.

Полицијата и обвинител ќе вршат увид да го утврдат идентитетот на жртвата и причините зошто се качил на цистерната и како дошло до моментот да го фати струја. Човекот не можело да биде спасен затоа што му горела облеката и тој е целосно изгорен.