Хроника 04. јануари 2019. / 15:55

Скопјанец го пронашол мртов својот син во семејниот дом

Скопјанец го пронашол мртов својот син во семејниот дом

Дваесет и деветгодишен скопјанец го пронашол мртов својот син во семејниот дом во Чаир.

На 03.01.2019 година околу 07:35 часот во Полициска станица Чаир, М.М.(29) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 06:00 часот во неговиот дом забележал дека неговиот син не дава знаци на живот.

Од екипа на Итна медицинска помош констатирана е смрт.

Извршен е увид, а по наредба на Јавен обвинител ќе биде извршена обдукција.