Хроника 25. јануари 2021. / 15:06

(СКАНДАЛ) Пазарен инспектор бил уапсен од полицијата оти пиел во кафана по 21 часот

(СКАНДАЛ) Пазарен инспектор бил уапсен од полицијата оти пиел во кафана по 21 часот

Наместо да контролираат, одредени инспектори самите го кршат законот

Лидер дознава дека инспектор  од Државниот пазарен инспекторат бил уапсен  од страна на полицијата, откако бил затекнат како гостин  во угостителски објект по работното време( 21 00 часот)  во саботата во локалот Снеки бар во населба Трубарево.

Инспекторот со иницијали  З. Ј  истата вечер бил на работна задача да ги контролира угостителските објекти и дали тие ги  прекршуваат  мерките од Ковид 19,  но  наместо контрола во неговиот реон, тој се гостел и пиел во кафаната.

Оваа информација ни ја потврди и директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски. Тој на Економски Лидер вели дека , пазарниот инспектор  вечерта во саботата е приведен и пуштен од страна на полицијата.

Информацијата е точна, затоа инспекторот е  суспендиран од работното место и во моментов човечки ресурски од Пазарниот инспекторат го чекаат да дојде и да го подигне решението, изјави Пауновски.

Во исто време, објектот каде што бил инспекторот е затворен од страна на Пазарниот испекторат, поради прекршување на мерките против Ковид 19.