Хроника 25. март 2019. / 16:36

Синовите на функционерот на СДСМ кои избодиле момче биле приведени, па пуштени

Синовите на функционерот на СДСМ кои избодиле момче биле приведени, па пуштени

Осудувам какво било насилство што се случува каде било и од каде било и секој мора да одговара за она што го има направено. Лицата за тој настан се приведени. По насока на јавниот обвинител се пуштени, меѓутоа не се пуштени заради никаква друга причина, туку за утврдување на одредени факти што ќе треба да ги утврди обвинителот и до крај да се заврши со поднесување на кривична пријава.

Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на трибината во Куманово во врска со настанот што се случи во саботата вечерта во дискотека во село Марино, општина Илинден кога со нож било прободено момче.

– Нема кој да влијае на истрагата. Значи може да биде вработен во МВР, може да биде вработен во било која друга институција, меѓутоа тоа не го ослободува за злоделата што ги имаат направено. Секој ќе одговара за она што го има направено и секој ќе одговара заради тоа што правдата е најважна за сите. – вели министерот Спасовски.

Инаку 27- годишното момче Филип Филиповски, според сведоците на настанот, беше прободено со нож во инцидент во Марино од страна на синовите на Звонко Цветковски – поранешен градоначалник и вработен во МВР.