Околу десет минути по полноќ на локалниот пат село Групчин – село Седларево на влез во село Седларево, тетовско, 34-годишниот Љ.А. од село Седларево управувајќи патничко моторно возио „УАЗ“ со тетовски регистарски ознаки се излизгал од коловозот, удрил во дрво и се превртел.
Од здобиените повреди починал на местото на настанот а двајцата сопатници Ш.А.(37) и И.И.(23) се здобиле со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клинички центар Тетово, се пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза”.
Извршен е увид на местото на настанот.