Хроника 20. јуни 2020. / 11:26

Синоќа гореле три автомобили во Скопје

Синоќа гореле три автомобили во Скопје

Во Скопје ноќеска гореле 3 возила, дознава „Слободен печат”.

Околу 2 часот по полноќ на улица Л.Москов пред зграда број 4, запален бил „Форд Ескорт“, а околу 2 часот и 30 минути во селото Горно Блаце на улица 1 гореле „Голф“ и „Ауди“ во двор на Б.Т.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека во последниот период зачестиле случаите на палење на автомобили и објекти.