Вчера во 13:30 часот, 68-годишниот В.П. од селото Лескоец, телефонски во МВР пријавил дека бил физички нападнат од неговиот син.
– Со тврд предмет тој бил физички нападнат од неговиот син, 29-годишниот В.П. Притоа, нападнатиот В.П., од ловната пушка која легално ја поседувал, кон sидот испукал еден проектил. Ловната пушка е одземена, а напаѓачот В.П. е приведен. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.