Хроника 24. март 2019. / 13:55

Син на поранешен градоначалник со нож прободел момче!

Син на поранешен градоначалник со нож прободел момче!

Момче било прободено со нож синоќа во дискота во Марино, по што со тешки повреди се бори за живот, обајви неговиот татко на Фејсбук.

Како што пишува таткото, по несреќата, од очевидци на случувањето, како извршители на нападот биле посочени две деца, од кои едното син на поранешниот градоначалник на Петровец и сегашен висок функционер во МВР, Ѕвонко Цветковски, но подоцна имало обид таквите изјави на сведоците да бидат променети.

Затоа, таткото апелира и бара да бидат казнети вистинските сторители за да не се воспоставци пракса лица блиски до структурите на МВР и на власта да можат неказнето да извршуваат кривични дела.