Хроника 18. март 2020. / 19:00

Силувано 14-годишно девојче во Скопје

Силувано 14-годишно девојче во Скопје

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 23-годишниот С.С. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, соопштија од МВР.

Како што е наведено во полицискиот билтен, на 11 февруари годинава, во напуштена просторија на улицата „Февруарски поход“ во Скопје, пријавениот извршил полови дејствија врз малолетничка со која бил во љубовна врска.