Хроника 14. мај 2020. / 09:45

Силувана малолетничка во Делчево

Силувана малолетничка во Делчево

Полицијата поднесе пријава против 20-годишно момче од Делчево осомничено дека силувало малолетно девојче.

Според информациите на МВР, Б. М. (20) од Делчево е осомничен дека во текот на октомври и ноември минатата година во Делчево, во два наврата, извршил полови дејства над малолетно девојче од Делчево.

На 11 мај во просториите на ОВР Делчево девојчето го препознало пријавениот.