Хроника 04. мај 2020. / 12:51

Силен ветар превртел хеликоптер на МВР на скопскиот аеродром: Повредено едно лице

Силен ветар превртел хеликоптер на МВР на скопскиот аеродром: Повредено едно лице

Хеликоптер на МВР се превртел околу 11 часот на пистата на скопскиот аеродром.

Од МВР потврдија дека хеликоптерот по слетувањето се превртел најверојатно поради силните налети на ветрот.

Екипажот и пилотите кои биле внатре во превртениот хеликоптер се во добра состојба, а еден од нив имал повреди, велат за Телма од МВР.

Се работело за тренажен лет, а во моментот хеликоптерот се полнел со гориво, по што се превртел.