Хроника 28. јуни 2018. / 10:41

Шверцот на мигранти е во подем низ Македонија

Шверцот на мигранти е во подем низ Македонија

На 28.06.2018 година во 00,40 часот на автопатот Гевгелија–Скопје кај с.Прдејци, од страна на мешовит патролен тим од Полициската станица за Граничен надзор и Граничен премин “Богородица“ забележани биле две возила „Цитроен Ксантија“ и „Нисан Примера“ двете со скопски регистерски таблици како со голема брзина се движат кон Скопје. На дадена наредба да застанат истите продолжиле да возат.

Од страна на полициските службеници возилата биле сопрени на оддалеченост од околу 150 метри од искучувањето за Демир Капија, а лицата од возилата се дале во бегство. Од извршено пребарување на теренот биле пронајдени 15 мигранти од Пакистан и еден мигрант од Авганистан сите без документи за идентификација. По извршената проверка утврдено било дека едното возило (“Нисан примера“) го управувал Ф.П. (24) од Арачиново, скопско.

За настанот бил известен и Јавен обвинител. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Неготино. Во 02,30 часот мигрантите биле донесени во Полициската станица за Граничен надзор и Граничен премин “Богородица“ за понатамошна постапка, а возилата биле сместени во Регионалниот центар Југ. Се преземаат мерки за пронаоѓање и на лицето што го управувало второт возило и за целосно расчистување на случајот.

Пред два дена во сообраќајна несреќа загинаа двајца, а 17 мигранти беа повредени. Возачот на комбето е во бегство.