Хроника 08. октомври 2019. / 16:07

Штипјанец не застанал на полициско запирање, се обидел и да удри во полицијата

Штипјанец не застанал на полициско запирање, се обидел и да удри во полицијата

Штипската полиција приведе 32-годишен маж од селото Оџаклија.

Како што јави МВР, мажот не застанал на знак за запирање издаден од полициски службеници, а се обидел и да удри еден од нив. Набргу потоа, на излезот од селото Радање, кон селото Оџалија, О.Е. го запрел возилото, се обидел да побегне, но бил фатен и лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.