Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Обвинетите, во одделни кривично-правни настани, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на државата и за време на тогаш важечкиот полициски час се движеле на различни локации во градот – соопштија од обвинителството.
Јавниот обвинител за сите нив предложи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од по 20 евра во денарска противвредност.