Вчера околу 10.20 часот на регионален пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „хјундаи аксент“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(61) од с.Петровец, удрило во шестгодишен пешак од с.Колицко, кумановско.
По незгодата, малолетничката била пренесена во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Куманово.