Хроника 13. јануари 2021. / 19:58

Шестгодишно девојче го изгуби животот во сообраќајна несреќа во Тетово

Шестгодишно девојче го изгуби животот во сообраќајна несреќа во Тетово

Шестгодишно девојче од Тетово го изгуби животот откако како пешак било удрено од возило околу 18 часот на булеварот „Видео Смилевски-Бато” во Тетово, информира Тетовската  полиција.

Во девојчето удрил автомобил фолксваген голф управуван од 30 годишник од село Фалише.

-Од удирарот девојчето добило тешки телесни повреди од кои по пренесувањето во Тетовската клиничка болница подлегнало. Возачот учесник во несреќата е обезбеден за понатамошната постапка, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Во тек е увид што го води јавен обвинител, а учествува и екипа од СВР Тетово.