Поради отсуството на еден од обвинетите денеска беше одложено второто рочиште за случајот „Ласкарци“.
Се работи за раководителот на автобуската компанија „Дурмо Турс“, Ремзи Мифтари, кој според судот денес имал хируршка интервенција.
Поради тоа, другите обвинети кои се наоѓаат во притвор, не беа донесени во судот. Следното рочиште е закажано за 15 октомври. Шест лица се обвинети за кривично дело против безбедноста во сообраќајот и имотот.
Инаку за потсетување, во несреќата од 13 февруари во близина на селото Ласкарци се преврте автобус на Дурмо Турс на автопатот Скопје-Тетово. Загинаа 16 лица, а 37 беа повредени.