Хроника 01. февруари 2021. / 19:46

Шефот на кабинет на Груби без да плати поминувал патарини со службено возило

Шефот на кабинет на Груби без да плати поминувал патарини со службено возило

Шефот на кабинет на вицепремиерот Артан Груби, Перпарим Бајрами, бил фатен како ја поминува патарината кај Миладиновци без да плати, со нелегално поставени флешери, дознава „А1он“.

Според извори на „А1он“, тој бил затекнат вчера и е еден од 32 лица за кои МВР објави дека биле санкционирани поради злоупотреби при наплата на патарината.

Полицајците го фатиле шефот на кабинетот на Груби, при спроведување на акциска контрола на МВР.

Неофицијално, Перпарим Бајрами бил со службено возило на кое биле поставени флешерите. Автомобилот бил сопственост на новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Незаконското поставување флешери се казнува прекршочно.

Целиот текст прочитајте го на „А1он