Двајца вработени на шалтер во подружница на Македонска пошта во Битола неовластено земале 165.942 денари.
Полицијата соопшти дека се работи за лица на возраст од 52 и 53 години, со иницијали Љ.Г. и В.С. од битолско.
„Минатиот месец првопријавениот, вработен како шалтерски работник во Македонска пошта, подружница Битола, неовластено земал парични средства доверени на благајната во две пошти во селата Цапари и Кажани во износ од 143.432 денари. Второпријавениот, вработен како шалтерски работник во Македонска пошта-подружница Битола, неовластено земал парични средства во износ од 22.510 денари кои биле доверени во благајната на пошта во село Кукуречани“, соопшти полицијата.