Вистинска семејна драма синоќа се случувала во Струга. 31-годишен маж физички ги нападнал сопругата и неговата мајка.
Вчера во 23.20 часот во ОВР Струга, 32-годишна жена од струшко село пријавила дека по кратка расправија во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.Ш.(31).Според пријавеното, Н.Ш. физички ја нападнал и неговата мајка. Н.Ш. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.