Хроника 21. март 2019. / 19:15

Семејна драма во Скопје: Со секира се обидел да ја удри мајка си

Семејна драма во Скопје: Со секира се обидел да ја удри мајка си

Вчера околу 14 часот и 40 минути во СВР Скопје, 52- годишната М.Џ од Скопје пријавила дека во дворот од нејзината куќа на улица „Рељо Шесто Крило“, дошло до расправија со нејзиниот син.

Според пријавеното, по претходна вербална расправија, нејзиниот син 30- годишниот И.Р од Скопје, се обидел да ја удри со секира.

Тој бил спречен од соседот М.Ф.

По ова, лицето било приведено во Полициската станица Чаир и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.