Седуммина мигранти од Авганистан биле пронајдени ноќеска во возило пред патарината кај Градско и префрлени се во Прифатниот центар Винојуг кај Гевгелија, информира МВР.
На 18.09.2019 околу 01.30 на автопатот Скопје – Гевгелија, во близина на Демир Капија, полициски службеници дале знак за запирање на две патнички возила „ауди А8” и „фолксваген фејтон”, но возилата не застанале.
-Околу 02.15 часот, пред патарината кај Градско, било оставено возилото „ауди А8″. При преглед во возилото биле пронајдени седум лица – мигранти од Авганистан. Мигрантите се однесени во Прифатниот центар Винојуг – Гевгелија за понатамошна постапка, пишува во информацијата од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.