Хроника 02. јуни 2020. / 10:41

Седумгодишно дете од Кавадарци со повреди пренесено во болница откако паднало од тераса

Седумгодишно дете од Кавадарци со повреди пренесено во болница откако паднало од тераса

Седумгодишник паднал од тераса вчера во Кавадарци, пренесен бил на скопските клиники, информираше  Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Несреќата била пријавена во 14:00 часот во Полициската станица Кавадарци. Според пријавата, незгодата се случила на улицата ,,Браќа Џунови“.

Детето паднало од терасата на куќата во која живее. Поради повредите, било  пренесено во  комплексот  клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.