Ново наседнување на измама со измислена сообраќајка, овојпат во Куманово, возрасна жена „олеснета“ за 1050 евра. Настанот во полиција од страна на измамената бил пријавен вчера во куманиовската полиција.
Според пријавеното, истиот ден на 70-годишната жена од Куманово и се јавило машко лице кое и кажало дека ќерка и направила незгода во која згазила дете, а дека само тој како очевидец можел да ја спаси ќерка и да не оди во затвор, доколку му да де пари.
За да делува поуверлив, лицето кажало и дека ќерка и има скршена вилица и не може да зборува.
-Таа му поверувала и околу 16.00 часот излегла пред зградата каде што живее и му ги дала парите. Според пријавата, веднаш потоа се јавила ќерка ѝ, по што Д.Р. заклучила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од кумановската полиција.