Хроника 18. август 2019. / 17:10

Се запалил бугарски камион во близина на границата Деве Баир

Се запалил бугарски камион во близина на границата Деве Баир

Вчера во 19,05 часот било пријавено дека на магистралниот пат во правец од Крива Паланка кон Граничниот премин „Деве Баир“, кај место викано „Долна маала“-сeло Узем, во движење се запалило товарно моторно возило ,,даф“ со бугарски национални ознаки, управувано од Л.С.В.(56) од Р.Бугарија.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.