Хроника 22. декември 2018. / 10:28

Се запали фарма во Батинци, предизвикана голема материјална штета

Се запали фарма во Батинци, предизвикана голема материјална штета

Рано утринава, нешто по 5 часот избувнал пожар на фарма во скопското село Батинци.

Од противпожарна инфомираат дека пожарот бил локализиран по околу еден час од пријавувањето, а било интервенирано со 2 противпожарни возила и шест пожарникари.

Штетата која настанала се проценува на околу 600 000 денари, а според информациите на противпожарна, пожарот избувнал на фарма која била во сопственост на шест браќа.

Пожарот бил предизвикан од млин за сточна храна кој се наоѓал на фармата.