Потпорен ѕид се урна синоќа во Радовиш, во близина на Етнолошкиот музеј. Од урнатините се оштетени неколку автомобили, но во моментот на урнувањето немало движење на пешаци.
Според граѓани кои живеат во близина, се се случило одеднаш и за миг камењата се струполиле на коловозот.
Екипи на ЈП „Плаваја“ изутрината го расчистија коловозот, за да може нормално да се одвива сообраќајот, а според најавите од Општина Радовиш, оштетениот ѕид ќе се санира