Хроника 04. јуни 2020. / 12:25

Се удрил во бетонски ѕид па во полициско возило: Тројца повредени во сообраќајка во Сарај

Се удрил во бетонски ѕид па во полициско возило: Тројца повредени во сообраќајка во Сарај

Триесет и седумгодишен скопјанец И.Б. со автомобил „фолксваген пасат“, со тетовски регистарски ознаки, удрил во бетонски ѕид и во полициско возило во Сарај, при што повредени се тој но и возачот и сопатникот на полциското возило.

Во незгодата, возачот на полициското возило Ф.Р. (35) со тешки и сопатникот Е.Д. (23) со телесни повреди се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Возачот на автомобилот кој се забил во нивното возило, се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.