Вчера во 18,00 часот во полициската станица Карпош З.М.(49) вработен во jавната установа за загрижување деца со воспитно-социјални проблеми – Скопје со седиште на улица Петар Манџуков пријавил дека истиот ден околу 15,15 часот нивна 14-годишна штитеничка самоволно се оддалечила во непознат правец од училишниот двор на основното училиште „Димо Хаџи Димов“.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.