На 17.05.2020 во 09.00 часот на бул„.Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу велосипед управуван од К.Т.(47) од Скопје и велосипед управуван од М.В.(55) од Скопје.
По незгодата, К.Т. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.