Околу 18 часот на регионалниот пат Штип–Плачковица во близина на црквата “Света Петка“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило “Ауди А3“ со штипски регистарски таблици управувано од 29-годишниот Т.Ф. во кое имало и двајца сопатници и мопед марка “Баотиан“ управуван од 32-годишниот Д.Т. од селото Борилчево- кочанско со сопатничка, 30-годишната К.И. од Пробиштип.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мопедот која по укажаната помош била задржана на понатамошно лекување во Клиничката болница во Штип.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип и се работи на расчистување на настанот.