Хроника 03. март 2021. / 16:43

Се судрија запрежно возило и мопед во Скопје, мотоциклистот со тешки повреди пренесен во болница

Се судрија запрежно возило и мопед во Скопје, мотоциклистот со тешки повреди пренесен во болница

На 02.03.2021 во 16:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје се случила сообраќајна незгода.

Во несреќата учествувале запрежно возило, управувано од Р.К.(22) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.Ј.(64) од Скопје. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, инфомира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.