Хроника 11. декември 2018. / 10:43

Се судрија камион и автомобил кај Делчево, возачот тешко повреден

Се судрија камион и автомобил кај Делчево, возачот тешко повреден

Товарно моторно возило и автомобил се судрија на магистралниот пат Делчево –Кочани во атарот на селото Драмче, делчевско, соопшти полицијата.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на автомобилот, кој со возило на Брзата помош бил пренесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.