Хроника 28. јануари 2019. / 15:50

Се судрија автомобил и минибус кај Гостивар, има повредени

Се судрија автомобил и минибус кај Гостивар, има повредени

Попладнево на излезот од Гостивар кон Кичево во сообраќајната несреќа се судрија автомобил марка „фолксваген пасат“ и минибус, дознава Нова Македонија.

Според првичните информации повредени лица има, но засега не е познат бројот на повредени и видот на повредите.

Сообраќајката се случи околу 14 часот, а во прекин е и сообраќајот на патот Гостивар-Кичево. Во тек е увид.