На 09.05.2019 година во 16,00 часот во Скопје, на булеварот “Партизански Одреди“ во близина на крстосницата со булеварот “8-ми Септември“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Ландровер“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Ч.(58) од Скопје, товарно моторно возило “Ивеко“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.Н.(42) од с.Страчинци-скопско и автобус „Евобус“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.П.(47) од с.Сарај-скопско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила патничка во автобусот С.Ј.(67) од Скопје, на која и била укажана лекарска помош во Градската општа болница “8-ми Септември“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на расчистување на случајот.