Хроника 20. јули 2020. / 12:27

Се слушаат истрели во Долна Матка, никој не знае кој пука

Се слушаат истрели во Долна Матка, никој не знае кој пука

На 19.07.2020 во 16.01 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Долна Матка, скопско, на кејот на река Треска, неколку непознати лица пукале со огнено оружје.

Полициски службеници излегле на местото на настанот.

На земјен пат биле пронајдени повеќе чаури, кои биле подигнати за понатамошна постапка од увидна екипа од СВР Скопје. 

Се работи на расчистување на случајот.