Хроника 10. март 2021. / 19:02

Се преврте возило на автопатот Скопје – Велес

Се преврте возило на автопатот Скопје – Велес

Тешка сообраќајка се случи на автопатот од Скопје кон Велес.

Oчевидци на несреќата за Скопје Инфо сведочат дека возилото од марката „Голф 4“ најпрво удрило во оградата на мостот, по што изгубило контрола и се превртело неколку пати.

Според првичните информации во сообраќајката нема повредени, а повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.