Хроника 04. ноември 2020. / 16:37

Се преврте автомобил на булевар „Климент Охридски“

Се преврте автомобил на булевар „Климент Охридски“

Се преврте автомобил во центарот на Скопје, на булеварот „Климент Охридски“ блиску до крстосницата со „Илинденска“, на само стотина метри од зградата на Владата, објави МКД.мк

При несреќата дојде и до мал судар со возилото десно од превртениот атомобил. Најверојатно директната причината за оваа несекојдневна сообраќајна несреќа кога се работи за центарот на градот, е во неприлагодената брзина на возење. Но, за целосните причини најверојатно ќе извести Министерството за внатрешни работи.