Хроника 24. јануари 2021. / 11:27

Се казнува без пардон: За 24 часа над 200 санционирани возачи во Скопје

Се казнува без пардон: За 24 часа над 200 санционирани возачи во Скопје

На територијата на град Скопје во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 228 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 25 санкции.

Од МВР денеска информираат дека од нив 11 се за технички неисправни и нерегистрирани возила, 17 мерки се за користење на мобилен телефон. Изречени се и 13 мерки за возење под дејство на алкохол, 21 санкција за непочитување на брзината на движење и 51 мерка за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли, посочуваат од МВР, продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.