Хроника 05. февруари 2020. / 14:58

Се бара притвор за инспекторот од УЈП кој барал поткуп

Се бара притвор за инспекторот од УЈП кој барал поткуп

Постапка за кривично дело и барање за притвор за инспекторот од Управата за јавни приходи-УЈП кој побара поткуп од 300 евра, денеска поведе Основното јавно обвинителство Гостивар за злоупотреба на службена положба и овластување. Од Јавното обвинителство информираат дека осомничениот инспектор во УЈП – Тетово побарал поткуп од 300 евра од сопственик на правен субјект во кој извршил контрола и констатирал неправилности.

-Иако оштетениот платил глоба за констатираните неправилности, осомничениот продолжил да му се јавува и да му праќа пораки во кои барал поткуп затоа што не извршил пломбирање на деловниот простор. Оштетениот го пријавил настанот во полиција и на 4 февруари се согласил да се сретне со осомничениот во угостителски објект во Гостивар. Притоа, му предал 150 евра во претходно обележани банкноти, појаснуваат од ЈО.

Барањето за притвор, според нив е поради постоење на околности кои што укажуваат на опасност од бегство.