Хроника 17. ноември 2020. / 11:20

Санкционирани 235 возачи во Скопје за едно деноноќие

Санкционирани 235 возачи во Скопје за едно деноноќие

Полицијата во текот на вчерашниот ден при акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изрекла вкупно 235 казни, меѓу кои 22 за возење без возачка дозвола.

– Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 235 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 22, 12 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, за управување под дејство на алкохол 7 санкции, 76 мерки за непрописно паркирани возила и 45 санкции за неносење заштитна маска, информираат од МВР.

Од МВР посочуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот.