Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, и само на територијата на град Скопје изрече вкупно 213 мерки.
Меќу тие 213 мерки,15 се за возење без возачка дозвола, 10 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за користење на мобилен телефон, исто толку санкции за некористење на сигурносен појас и 11 за минување на затворен семафор (црвено светло).
Изречени се 74 мерки за непрописно паркирање, а со „пајак“ се подигнати 41 возило.
За неносење на заштитна маска изречени се 18 санкции.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.