Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 10 април извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас. Притоа, контролирани се вкупно 402 возила и возачи и било констатирано дека 17 возачи ја надминале дозволената брзина, пет возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле четири возила , еден возач зборувал на мобилен телефон при управување на возилото, стои во извештајот на СВР Битола .
Санкционирани 17 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената
